Француското собрание, конечно, во средата вечер го усвои со финално гласање контроверзниот предлог-закон за разузнавање, јавува дописникот на МИА.
Усвојувањето на законот дојде во текот на шпионскиот скандал во кој Париз го обвини Вашингтон дека ги шпионира француските лидери, вклучувајќи ги и претседателите на републиката. Текстот беше поддржан од социјалистичкото мнозинство, левите радикали, голем дел од републиканците и УДИ и усвоен со високо подигната рака. Фронтот на левицата, а и поголемиот дел од еколозите повика на гласање против.
Во името на „националното беспрекорно единство“, Ерик Киоти (републиканците), го поздрави „предлог законот како непотребен и позитивен“, позиција поделена од „огромно мнозинство“ на својата група. Фронтот на левицата гласаше против како што го нарече „лошиот закон“ како и поголемиот дел од групата на еколозите.
Носењето на законот започна минатата година, но тоа беше забрзано по терористичките нападит во кои загинаа 17 лица, на почетокот од јануари во Париз.
Од спречување на атентати до економска шпионажа, текстот дефинира широк спектар на мисии на службите за разузнавање, како и режимот со кој се даваат дозволи и контролата на многуте техники за шпионажа (прислушување, поставување на камера или софтвер за шпионажа, пристап до податоци на интернет конекциите, итн).
Осудувајќи го говорот за „наводни прекршувања на јавните слободи“, известувачот Жан-Жак Урвоа (PS) истакна дека „првпат се создава демократска правна рамка на активностите на разузнавачките служби“ во Франција. – Таму каде службите ја проценуваат дека нивната легитимност ги надминува сите други размислувања, тие сега ќе се постапува во согласност со спротивниот принцип, нивните посебни овластувања им беа дозволени само под услов ако тие се оправдани и пропорционални – рече тој.
Пратениците од редовите на републиканците, еколозите, па дури и Националниот Фронт пред печатот изјавија дека ќе поднесат до уставниот совет на Франција барање за да ја испита устваноста на законот, што го најави и претседателот Франсоа Оланд, по сериозните ктитики дека новиот закон ги ограничува слободите.
Овој текст може да доведе „масовен надѕор“ опасен за слободите, рече Пјер Лелуш (Републиканци), еден од пратениците кој ја потегна инцијативата да се побара мислење за устваноста, заедно со Лор Родиер. Тие ги пренесуваат и стравувањата на ЦНИЛ (националната комисија за информатика и слободи), на Бранителот на правата на ЖакТубон, синдикатите на судиите или актерите на дигиталната индустрија, кос стравуваат од прекумерните овластувања кои им се даваат на тајните служби.
Во дебатата посебно е кристализиран проблемот за воведување на мрежите на операторите во телекомуникациите и интернетот, автоматски алатки за анализа (алгоритми) за откривање на „последователни сомнителни на дата конекции“ за „терористичка закана“, еден уред наречен „црна кутија“ од страна на критичарите, кои ги споредуваат со практиките на „масовен надзор“ на американската НСА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.