| четврток, 6 декември 2018 |

Најскапиот сендвич на светот (видео)

Ресторанот во Њујорк „Серендипити 3“ повторно го создаде најлуксузното јадење на светот. По супержешките чоколади и хот-дог, тие го создадоа најскапиот сендвич на светот. Ова сирење на скара чини дури 214 долари и веќе влезе во Гинисовата книга на рекроди.

world-most-expensive-sandwich-1

Сендивичот е направен од две парчиња француски тост-сендвич направен со „дон перињон“ и 24-каратни златни честици. На тостот има намаз од бели тартуфи и сирење качиокавало подолико. Вака намачкан, тостот оди на скара. Кога е готов, краевите на сендвичот се натопуваат во златни листови и се послужуваат во кристална чаша „бакарат“ со чорба од јастог и од домати.

Се нарачува 48 часа пред да се јаде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top