| четврток, 6 декември 2018 |

Царинската управа и „Филип Морис“ Тутунскиот комбинат од Прилеп потпишаа Меморандум за соработка

Царинската управа и „Филип Морис“ Тутунскиот комбинат од Прилеп потпишаа Меморандум за соработка чија цел е зајакнување на координацијата и соработката во борбата против нелегалната трговија со тутунски производи.

carina-685x320

 

Меморандумот денеска го потпишаа директорот на Царинската управа Наташа Радеска Крстевска и генералниот директор на „Филип Морис“ Тутунскиот Комбинат Емре Козлу и претставник на „Филип Морис Интернешнал Менаџмент“. ­

Со потпишување на меморандумот, договорните страни искажаа одлучност и посветеност за реализација и натамошен развој на ефективна рамка за соработка што ќе придонесе за подобра наплата на буџетските приходи. Нелегалната трговија со тутунски производи како што е шверцот со цигари директно го оштетува државниот буџет, а истовремено претставува сериозен проблем за легалната индустрија со тутун и тутунски производи која го почитува законот, се наведува во соопштението од Царинската управа.

Меморандумот предвидува механизми за соработка меѓу двете страни за борба против нелегалната трговија, меѓу кои се и специфични обуки за царинските службеници и размена на информации за истраги и кривично гонење на прекршителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top