На иницијатива на тренерската организација на Словенија и нејзиниот претседател Руди Брачич вчера во Порторож – Словенија, претседателите на тренерските организации на Словенија – Руди Брачич, Македонија – Ѓоре Јовановски, Хрватска – Иво Шушак, Србија – Слободан Павковиќ и Босна и Херцеговина – Мунир Таловиќ потпишаа договор за стручна соработка.
На потпишувањето на овој договор присуствуваше и потпретседателот на европската тренерска организација – AEFCA – Фреди Фиорентини, кој даде голема подршка за овој вид на соработка помеѓу тренерски организации.
На овој настан присуствуваа и претседателот на словенечкиот сојуз Раде Мијатовиќ и потпретседателот Миран Јарц. Договорот за соработка се однесува на размена на стручни кадри за потребите на тренерската едукација а посебно во делот на организација на УЕФА Про курсевите, размена на искуства и стручна литература, присуство на годишните семинари за лиценцирање на тренери и
Исто така секоја од тренерските организации потписнички на овој договор еднаш годишно ќе биде домаќин на стручен собир. Сите тренерски организации се сложија дека потпишувањето на овој договор за стручна соработка не смее да остане само на хартија туку треба да биде почеток на една одлична соработка со една цел – подобрување на стручноста на тренерите на овие простори а со тоа и подобрување на фудбалската игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димитар Николов-Таки: ДФРМ и Агенцијата за филм имаат за цел да создадат лажна слика дека основниот претставник на филмските професионалци
-
МОБ ќе потпише меморандум за соработка со Националниот театар од Сараево
-
Во НУБ вечерва се отвора Координативниот центар за културна соработка на Иницијативата „16+1“
-
Ферари и Мерцедес не сакаат да соработуваат со Мекларен