| четврток, 6 декември 2018 |

НБРМ и Бирото за образование потпишаа Меморандум за соработка

nbm2

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија (НБРМ), Димитар Богов, и директорот на Бирото за развој на образованието, Весна Хорватовиќ, денеска потпишаа Меморандум за соработка во делот на финансиската писменост и други области во образованието.

Како што соопшти НБРМ, двете институции ќе вршат консултации за стратегиски прашања на национално и меѓународно ниво, ќе подготвуваат наставен и прирачен материјал за основните и средните училишта од областа на финансиската писменост и ќе организираат обуки и други едукативни активности со кои ќе бидат опфатени наставниците и учениците.

НБРМ и Бирото ќе реализираат соработка на полето на финансиската едукација преку изготвување политики, спроведување истражувања и анализи, преземање заеднички активности за подигање на јавната свест и промоција на финансиската едукација и писменост и размена на релевантна експертиза.

– Со овој Меморандум се очекува да се зацврсти соработката меѓу двете институции во областа на финансиската едукација со што ќе се придонесе за зголемување на свеста кај учениците и јакнење на нивните финансиски знаења, како и за нивно идно полесно вклучување во современите текови на финансискиот систем, информира НБРМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top