| четврток, 6 декември 2018 |

Романија: Помошник-премиерот обвинет за корупција

Себастијан Гита, помошник на романскиот премиер Виктор Понта, е обвинет за корупција, вклучувајќи проневера на средства од фондовите на ЕУ и поткупување на претседателските избори.

corruption

Тој, меѓу другото, е обвинет и за неплаќање данок и перење милиони евра. На Гита му е забрането да стапи во контакт и со премиерот Понта, кој е под истрага за корупција, да извршува пратеничка функција, како и да го напушти градот во кој живее.

Од своја страна, Гита го обвини Обвинителството за злоупотреби.

Во обвинението против Гита стои и дека на некои Молдавци со романско државјанство им платил 350.000 евра да гласаат за Понта на претседателските избори во ноември минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top