Според извршената идентификација, МВР потврди дека жената која се самозапали вчера во Градскиот парк во Скопје е 45 годишната скопјанка Р.С., соопшти денеска државното Јавно обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје вчера извршил увид во Градскиот парк на местото каде беше пронајдено опожареното тело на женско лице. Од местото, како што се наведува во соопштението, е подигнат доказен материјал, за кој јавниот обвинител издал наредба за криминалистичко – техничко вештачење, како и наредба за обдукција на телото.
Јавниот обвинител извршил и разговор со едно лице кое било сведок на настанот. Сведокот, како што стои во соопштението, го слушнал пискотот на сега починатата во моментот додека горела и повикал екипа на Брза помош со која комуницирала до нејзиното доаѓање на местото на настанот.
Основното јавно обвинителство Скопје работи на утврдување на причините на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Маж уапсен бидејќи појадувал со жена (ФОТО)
-
Охриѓанец е осомничен за вчерашното убиство во Велгошти
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките