Сорос повторно во акција на фалсификување на вистината, манипулации и лаги. И покрај очигледната вистина дека на 5 мај полицијата беше брутално нападната од демонстрантите на СДСМ пред владата, во кој напад не само што беше руиниран државниот имот и кинето македонското знаме, имаше околу 38 повредени полицајци, врз нив беа фрлани бакли, шишиња, беа удирани со шипки и бекатон плочки, Соросовата организација Хјуман рајтс воч излезе со фрапантно штелуван извештај во кој тврди дека Полицијата употреби прекумерна сила против демонстрантите на 5 мај.
Дрската и безобразна лага со која се потценуваат граѓаните и нивната интелегенција, се сака црното да се престави бело. Во штелуваниот извештај на оваа соросова организација во кој не само што се оправдува тепањето на полицијата, туку и осудува на извесен начин воспоставувањето на ред и мир, стои констатацијата на Лидија Гал дека „Тепањето луѓе е неприфатлив начин за полицијата да ја контролира толпата“. Дека ваквиот извештај е брутално извртување на вистината и при очи сакаат јавноста да ја прогласат за слепа и при уши глува, што со уште еднаш се покажува на дело манипулациите и лагите со кој се користи Сорос, најдобро покажува видеото со кој јасно недвосмислено и прецизно се гледаат нечовечките и вандалски напади врз полицијата.
Освен ова низ судска постапка се докажа и досуди 3 ефкетивни затворски казни, а 14 лица добија условни казни. Најголемиот дел од осудените ја признаа својата вина и за делата кои се товареа, но за ова нема ниту збор во извештајот на соросовата Хјуман рајтс воч. Инаку се работи за организација чиј главен финансиер е токму Џорџ Сорос преку институтот Отворено Општество.
Пред 5 години Сорос и јавно објави дека и доделува на Хјуман рајтс воч неверојатни 100 милиони долари буџет за работа. Тоа дури не го криеше и самата Воч која наведе дека Сорос ќе ги даде парите во рок од 10 години.
Организацијата со седиште во Њујорк вели дека парите ќе бидат наменети за отворање на регионални канцеларии ширум светот и користење на влијанието што го има за различни цели. Впрочем овие пари беа со цел оваа организација да се дистанцира од САД и да разгорува нови жаришта во светот. Сорос кажа дека Хјуман рајтс воч е „Една од најефикасните организации која ја поддржувам”. Тоа во македонскиот случај значи дека освен влијанието на локалната СОРОС чие учество преку Владимир Милчин и поддршка во создавањето на македонската криза се покажа за клучно во повеќе наврати, како чисто финансиски, така и со корумпирање на медиуми, финансирање на пленуми и отворена поддршка на СДСМ, тие одат чекор понапред и меѓународните соросови организации како Хјуман рајтс воч ги ставаат во функција на СДСМ со цел креирање на тензии и продлабочување на кризата. Но бруталната лага која се обидуваат да ја протнат за настанате на 5 мај не е единствената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.