| четврток, 6 декември 2018 |

Франција ќе испрати висок функционер од своето разузнавање во САД

Франција ќе испрати високо рангиран функционер од својата разузнавачка служба во САД следните неколку денови поради извештајот на Викиликс дека САД шпионирале тројца француски претседатели, изјави портпаролот на француската Влада Стефан Ле Фол. ­

elisej

 

– Координаторот на француската разузнавачка служба ќе замине во САД, изјави Ле Фол.

Шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус го повика денеска претходно американскиот амбасадор во Франција да ги појасни тврдењата на Викиликс дека САД шпионирале тројца француски претседатели.

Амбасадорот на САД треба да се состане со Фабиус во 18 часот по локално време.

Викиликс откри дека американските безбедносни служби ги шпионирале Жак Ширак, Никола Саркози и сегашниот претседател Франсоа Оланд, со прислушување на нивните телефонски разговори и пресретнување на нивните електронски пораки. Шпионирањето е спроведувано во периодот од 2006 до 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top