| четврток, 6 декември 2018 |

Во Штип отворена мини фабрика за рециклирање отпад

recycle_01

Штипското комунално претпријатие „Исар“ во соработка со фирмите „Пакомак“, „Петрев“ и општина Штип денеска отвори мини фабрика за рециклирање на отпадот. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека инвестицијата во машини и остантиот дел од инфраструктурата чини 40.000 евра.

– Ние веќе ќе работиме на еден проект, со што волонтери ќе ги посетуваат сите домови се со цел да ги потикниме нашите сограѓани да почнат да го селектираат отпадот. Самите знаете дека за влез на Македонија во ЕУ треба секоја општина да почне да го селектира, преработува, рециклира отпадот, а еве ние започнавме и дадовме мал чекор кон оваа цел, вели Бојаџиев.

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев вели дека околу еден тон дневно може да се рециклира отпад во мини фабриката на ЈП „Исар“, задача на граѓаните ќе биде да ја издвојуваат пластиката од органскиот отпад. Смета до со оваа инвестиција ќе се добие поквалитетна животна средина, но и финасиски бенифит за штипското комунално претпријатие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top