| четврток, 6 декември 2018 |

Еден полицаец убиен, а двајца ранети во полициска акција во Лазарат

Еден полицаец е убиен, а двајца се ранети во Лазарат, Албанија, кога вооружени лица се обиделе да ги спречат силите на редот да спроведат контрола на ова упориште на трговци на дрога, соопшти денеска полицијата, јави Фена.

berberi

Престрелки имало синоќа, кога вооружени лица употребиле тешки митралези и противтенковски ракети, за да ги спречат полицајците да влезат во селото, се наведува во соопштението.

Полицијата ги идентификувала напаѓачите и ја блокирала зоната за да ги уапси.

Полицијата соопшти дека запленила голема количина оружје во зградата од која пукале вооружените лица врз полицијата.

Албанската полиција веќе спроведе голема операција овој месец во Лазарат, село кое носи назив „кралство на канабисот“ поради масовното производство на овој наркотик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top