Минитерството за внатрешни работи на Србија објави дека по спроведена акција на терироријата на Белград откриена била првата лабораторија за екстази во Србија. Во акцијата уапсени биле и пет лица – Н.С. (1971), Т.С. (1993), А.М. (1987), М.С. (1982) и С.П. (1987).
Вкупно запленети биле 96 000 екстази, 10 килограми екстази спремни за таблетирање, 80 килограми микрокирстална целулоза за производство на таблетите и 840 грама марихуана.
Запленета е и комплетна опрема за производство на дрогата, апарати за подготвување, машина за таблетирање, мешалица итн.
Министерот за внатрешни работи Стефановиќ истакнува дека со оваа успешна акција задале сериозен удар на криминалното подземје и дека полицијата нема да запре тука со истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)