| четврток, 6 декември 2018 |

Со само 3 состојки направете си сами стик против потење

underarm-female

За да ве заштти од потење и од непријатни мириси, деозодрансот не мора да биде преполн со хемиски состојки. Оваа природена и миризлива смеса ќе ви ја негува кожата и ќе ги запре непријатните мириси, а можете едноставно да го направите сами.

За природен стик потребни ви се:

– 6 до 8 лажици кокосово масло (во крута состојба)
– 1/4 шолјичка сода бикарбона
– 1/4 шолјичка пченкарен скроб

Подготвување:

1. Помешајте еднаква количина сода бикарбона и скроб.

2. Постепено додавајте кокосово масло и со лажица или со раце се добро измешајте.

3. Ако сите состојки добро се соединиле, би требало да добиете смеса слична на купечкиот стик – тврда, но која може да се размачкува, како мелем. Ако е смесата ретка, додадете уште скроб.

4. Со смесата наполнете апликатор од стар купечки дезодоранс во стик или наполнете сад со капаче и нанесувајте го стикот со прсти. Ставете го на кратко во фрижидер да се стврдне и подготвен е за употреба.

Совет +

За свеж и пријатен мирис во смесата можете да додадете неколку капки етерично масло од мента, лаванда или цитрус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top