| четврток, 6 декември 2018 |

Романскиот Парламент одобри изградба на два центри на НАТО во Букурешт

нато
Романскиот Парламент денеска едногласно го одобри барањето за изградба на два центри на НАТО во Букурешт во рамки на новата одбранбена стратегија на Алијансата во Источна Европа.Романскиот претседател Клаус Јоханис ги повика пратениците да ја одобрат изградабата на центрите во контекст „на кризата во Украина и агресивните дејствија на Русија во регионот“.

Барањето за изградба на Интеграцискиот оддел на силите на НАТО и Мултинационалниот дивизиски штаб за југоисточната насока беше усвоено со 283 гласови „за“ и ниту еден против. Со нив е планирано да се координираат воените команди во Романија и соседна Бугарија.

Мултинациналниот штаб ќе биде отворен во 2016 година и ќе работи со целосен капацитет до 2018 година.

НАТО ќе изгради слични интеграциски оддели во Полска, Бугарија, Естонија, Литванија и Летонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top