| четврток, 6 декември 2018 |

Во Гевгелија се одржува семинар за човечки ресурси во прекуграничните региони

Во Гевгелија денес и утре (27 и 28 март) во хотел „Рамада Принцес“ Гевгелија ќе се одржи вториот семинар за проектот „Мрежа за европско знаење и квалификации во прекуграничниот регион БГ-МК“ што се реализира со финансиска помош на ИПА програмата за прекуграничната соработка меѓу Македонија и Бугарија

princess casino

Водечки партнер е „Друштво за социјална интеграција и помош“ од Ќустендил, а партнери се асоцијацијата АЛФА КЛУБ „Да преживееш“ од Благоевград и Општина Гевгелија.

Првиот семинар се одржа во Ќустендил на тема „Стратешко планирање на заеднички иницијативи за развој на човечки ресурси“ и „Доживотно учење“. Истите теми ќе бидат опфатени и на вториот дводневен семинар кој ќе се одржи во Гевгелија, гледани од македонска преспектива.

Двата семинара се дел од активностите на проектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top