Тетовската полиција поднесе кривична пријава за Ј.И.(35) од Тетово за противправно лишување од слобода и насилство.
На 3 април годинава, Б.И.(35) од Тетово движејќи се со патничко возило „опел кадет“ по ул. „Иво Лола Рибар“ во Тетово бил запрен од Ј.И, кој го повикал заедно да отидат и наводно да стават фолии на стаклата од возилото. Двајцата заминале кон ресторан во Тетово каде дошле и други лица што му се заканувале на Б.И. по животот со пиштол, поради, наводно, украден лаптоп.
Тие физички го нападнале, а оштетениот паднал во бессознание и се разбудил во Клиничка болница во Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.