Синоќа во 23,30 часот во Тетово на бул.„Маршал Тито“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Корса“ со тетовски регистерски таблици управувано од И.Б. (20) од село Селце, Тетовско и велосипед управуван од Љ.С. (62) од Тетово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се стекнал Љ.С., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката Болница во Тетово, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Ургентниот Центар во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.