СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А. (33) од село Пирок поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „одземање на моторно возило“ и “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 7 декември минатата година на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, додека пријавениот во алкохолизирана состојба заедно со В.Т. (33) од Тетово се движеле пеш, на В.Т. ѝ се слошило и паднала на асфалтната површина, а пријавениот ја кренал во раце и ја ставил во патничко возило кое го забележал паркирано со вклучен мотор и клучеви на бравата со намера да ја однесе во болница. По кратко време, на В.Т. ѝ се подобрила состојбата и се упатиле кон блок 82 со намера да го вратат возилото, каде наишле полициски службеници и истите ги лишиле од слобода Р.А. и В.Т., при што на подот од возилото од возачката страна пронајден е оквир од огнено оружје пиштол без муниција. Пријавениот се изјаснил дека во непосредна близина на возилото оставил пиштол кој претходно го носел со себе и за кој не поседува никаква документација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.