Романските власти планирааат да воведат воена служба на доброволен принцип, пишува романскиот весник „Гандуп“.
Министерот за одбрана Мирча Душа вчера изјави дека има потреба од повторно воведување на воена служба, но на принципот на доброволно учество.
За време на посетата на градот Сибиу, министерот изјави дека е неопходно парламентот да усвои закон за доброволни резервисти.
Според министерот за одбрана околу 2.300 млади ќе влезат во редовите на армијата во 2015 година, од кои 1.500 се професионални војници, а другите доаѓаат од воени училишта.
Лицата што сакаат да имаат статус на доброволни резервисти треба да учествуваат безусловно во исполнување на внатрешни и надворешни мисии, да посетуваат воена касарна, ако ја напуштат постојаната адреса за повеќе од 48 часа и строго да чуваат воени тајни, наведува весникот, додавајќи дека за времето додека учествуваат во воени мисии тие ќе добиваат паричен надомест.
Некои држави од НАТО веќе преминаа кон задолжителна воена служба, како што е Литванија. Во мај и Лeтонија го воведува системот, според кој младите ќе бидат регрутирани, а слична е ситуацијата и во Норвешка, каде воената служба е задолжителна за мажите и за жените, пишува весникот „Гандуп“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.