| четврток, 6 декември 2018 |

Косово и воените злосторства – кога минатото сѐ уште не минало

Albanian American guerilla soldiers for Kosovo

Околу 16 години откако воздушната кампања на НАТО стави крај на српското управување со Косово, законот можеби на крај ќе успее да стигне некои од највисоко позиционираните косовски политичари, за кои се претпоставува дека извршиле воени злосторства. По долго одлагање и години закани за сведоците, наскоро може да биде формиран Специјален суд кој ќе процесира десетина души, вклучувајќи и неколку лица кои се сметаат за лидери на организираниот криминал на Косово, пишува „Економист“.

Во декември 2010 година, швајцарскиот обвинител Дик Марти ги достави пред Советот на Европа своите тврдења дека поранешни команданти на Ослободителна војска на Косово (ОВК) биле престапници кои давале заповеди за убиства и надгледувале мачења. Неговиот извештај се фокусира на Групата од Дреница, водена од Хашим Тачи, тогашниот премиер на Косово, а сега министер за надворешни работи. Најсензацоналното во извешптајот беше тврдењето дека некои жртви биле убиени заради органите. Тачи ги отфри овие наводи. Многу Косовци сметаат дека Марти добил лажни сведоштва од српското разузнавање.

По извештајот на Марти во Брисел беше оформен специјален тим од Еулекс, правосудната и правно-извршната мисија на ЕУ на Косово. Потврдата на тој тим „е генерално соодветна“ со извештајот на Марти и сигна до заклучокот дека има доволно докази за подигање обвиненија против „определини високо позиционирани претставници“ на поранешната ОВК. Но немаше суд.

Трибуналот на ОН во Хаг за воени злостортства во поранешна Југославија немаше јурисдикција затоа што повеќето од злосторствата биле изршени надвор од поранешната Југославија (и Албанија), и по крајот на војната. Така беше планирано создавање на специјален суд за Косово, исто со седиште во Хаг.

Косовските политичари јавно го нарекоа тоа шанса за обвинетите да ги исчистат своите имиња од името на ОВК. Но тајно се обидуваа да го блокираат судот. Планот се сопна во парламентот, каде спротивставувањето против него расте. По неодамнешните пресуди во судот на Еулекс на Косово на некколку членови на Групата од Дреница за убиства и други воени злосторства, Тачи го обвини судот дека се обидува „да ја извалка праведната војна на ОВК“, иако тврдеше и дека Косово нема да дозволи тоа прашање да се закани на „партнерството на земјата со меѓународната зедница“.

Американскиот пратеник на Косово, Трејси Ен Џејкобсон, рече дека ако парламентот одбие да се формира судот, нејзината земја нема да му попречи на Советот за безбедност на ОН да го стори тоа. Америка и Европа ја дадоа својата „најдобра и последна понуда“ за неговите компетенции. Ако случајот отиде во ОН, Русија, која е жесток непријател на косовската независност, ќе го има главниот збор. Трговскиот договор со ЕУ исто така може да биде одложен.

Некои опозициски личности се противат на судот затоа што тоа го наршува суверенитетот на Косово. Еден од нив, Рамуш Харадинај, беше задржан минатата недела во Словенија по стара српска потерница за апсење на воени злосторници. Друг политичар рече дека неговите колеги „се исплашени до смрт“ од судот. Тој се прашува дали сето тоа има врска со неодамнешните насилства во Македонија, каде загинаа осум полицајци и десет вооружени Косовци. Тој навести дека „еден сив кардинал на косовската политика“ има замешано прсти во тие случувања и се надева дека ќе докаже дека ако биде испратен на суд, може да ги ослободи „кучињата на војната“. Кога убиените Косовци биле погребувани со полни воени почести од нивните поранешни другари од ОВК, швајцарскиот коментатор Енвер Робели напиша: „Земјата која ги почитува злосторниците, нема светла иднина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top