| четврток, 6 декември 2018 |

Хас му зеде мерка на Ѓоковиќ

Германецот Томи Хас направи изненадување и го декласира првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ со 6-2, 6-4, на турнирот во Мајами.

Србинот одигра многу лош меч, а по поразот се пожали на временските услови. Ветерот им пречеше и на двајцата тенисери, а победата на Хас, кој беше еден од најталентираните играчи на планетата, сега 34-годишен ветеран, е чиста како солза. Дуелот траеше само 80 минути и му припадна на поранешниот втор светски рекет Хас.

– Му честитам на Томи. Имаше одлична тактика, го користеше сервисот на најдобар можен начин и добро се движеше на теренот. Се обидов да му парирам, се борев, но ова беше еден од деновите кога не ви оди како што посакувате. Томи беше подобар и зазлужено победи – рече Ѓоковиќ. За него ова е само втор пораз сезонава, а претходно го порази само уште Хуан Мартин дел Потро.

На останатите дуели, Енди Мареј се пласираше во четврт-финалето, по победата од 6-2,6-4,  против Андреас Сепи, а понатаму одат и Давид Ферер и Томаш Бердих. Испадна Жо Вилфред Цонга, кој загуби од Хрватот Марио Чилиќ со 5-7, 6-7.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top