| четврток, 6 декември 2018 |

Пи Диди уапсен во Лос Анџелес

pi didiАмериканската рап-ѕвезда Пи Диди уапсен е синоќа во спортскиот комплекс на познатиот универзитет во Лос Анџелес (UCLA), каде што неговиот син тренира фудбал, бидејќи удрил едно лице со тег за вежбање, соопшти Универзитетот.

Во соопштението се додава дека лицето не се здобило со сериозни повреди и дека локалната полиција отворила истрага.

Пи Диди, чиешто вистинско име е Шон Комбс, одведен е во притвор во Лос Анџелес.

Американските медиуми соопштуваат дека Пи Диди нападнал еден од тренерите во спортскиот центар.

Според „ТМЗ“ еден од тренерите викал на неговиот син Џастин, по што Комбс се соочил со него во неговата канцеларија, каде дошло до расправија и потоа до нападот со, како што се наведува во обвинението, смртоносно оружје.

Комбс (45) е еден од најпознатите американски хипхоп-музичари, а познат е и по тоа што промовираше многу млади рап-ѕвезди, како Мери Џеј Блајџ, Ашер и Лил`Ким.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top