| четврток, 6 декември 2018 |

Индонезија потопува рибарски бродови

indonesia-fishing-boatsИндонезиските власти денеска соопштија дека е донесена одлука деновиве да се потопат уште 19 рибарски бродови, кои под странско знаме биле откриени во илегален риболов во територијалните води што и припаѓаат на оваа држава, распослана на архипелаг од 17.300 острови. Најголем број од бродовите што ќе се потопат се од Виетнам и Тајланд.Само годинава индонезиската морнарица открила 73 странски рибарски бродови кои ловеле без дозвола Меѓу фатените и запленетите се и 6 големи рибарски бродови што и припаѓаат на Кина.

BN-IQ685_INille_G_20150529012614Нивната судбина ќе зависи од судските одлуки, бидејки нивните сопственици тврдат дека ловеле во територија на морето кое Кина, еднострано, го има прогласено за своја суверена територија. Министеrката за морски ресурси и риболов на Индонезија Суѓи Пувиастути денеска повтори дека илегалните бродови ќе се потопуваат и како предупредување за другите. Основна причина за тоа е сумата од над 20 милијарди долари кои, според министерката, Индонезија годишно ги губи како последица на илегалното рибарење на странците.An unmanned Vietnamese fishing boat is blown up and sunk by the Indonesian navy, according to Antara Foto, off the Natuna sea in Anambas, Kepulauan Riau province

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top