Минатогодишниот конкурс за работа статист во „Игра на тронови“ стана хит на интернет.
На социјалните мрежи се појави фотографија од мејл наменет за актерите кои се заинтересирани да со појават во една сцена од моментално најпопуларната серија на светот.
Во текстот се наведува дека актерот мора да биде во авион за Хрватска веќе утредента во шест часот наутро и дека мора да биде маж на возраст од 25 до 50 години.
Она што привлекува најмногу внимание е описот на работата. Имено, продуцентите барале личност која ќе ги покаже гениталиитеи ќе викне „Јас сум Ланистер! Ис***ете ми го!“
Пред тоа, во мејлот се наведува дека станува збор за многу важна сцена во сезоната и дека тоа ќе биде возбудливо искуство за актерите. Се истакнува и дека се во потрага по личност која има самодоверба и нема проблем да се соблече пред голем број на други луѓе, како и дека гениталиите не смее да имаат никакви аномалии ниту пирсови, додека срамните влакна се пожелни.
За оваа работа актерот добил нешто повеќе од 900 фунти, како и дополнителни патни трошоци и други давачки.
Среќниот „победник“ на овој конкурс се појавил во досега познатата сцена од финалната епизода од петтата сезона, „прошетка на срамот“, Серсеј Ланистер. Погледнете како изгледало тоа – неговата сцена може да ја видите на 2:30.
Извор: Точка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)