Босанецот Амел Чуриќ синоќа во големото финале на „Икс-фактор“ стана победник на втората сезона на шоуто. До последниот миг беше неизвесно дали тој или Боби Мојсоски ќе завршат на првото место.
Иако болен, Мојсоски доби пофалби за својата изведба на „Полско цвеќе“ и од судиите и од публиката.
Чуриќ за своја последна песна ја избра „It’s my life“ на Џон Бон Џови, песна која и во 2003 година му ја донесе победата на слично музичко шоу за потрага на таленти.
Станува збор за шоуто „ОБН Мјузик Талентс“, на кое во 2003 година победник беше Амел.
По победата тој издаде еден албум, но со желба и регионот да го запознае како изведувач, тој решава да се пријави и на „Икс-фактор“.
Синоќа, по втората победа, тој изјави дека иако има 34 години, чувствува дека кариерата дури сега вистински му почнува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)