| четврток, 6 декември 2018 |

Во порта „Македонија“ од април ќе се играат претстави

Просторот во порта „Македонија“ веќе почнува да функционира со програма. Имено, на 4 април на репертоарот се претставите „Брачна игра“, работена според текстот на Едвард Олби, во режија на Бојана Краљевска. Улогите ги толкуваат Сања Русевска и Марко Трајковиќ, а на 15 април е монодрамата „Сребрена свадба“, работена според текст на Габриел Гарсија Маркес, во режија на Ѕвезда Ангеловска, а улогата ја толкува Катина Иванова.


На 20 април е повторно „Брачна игра“, а на 27, „Сребрена свадба“. Претставите почнуваат во 20 часот, а билетите може да се купат на касата на МНТ (Театар Центар).

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top