– Го поздравуваме тоа што сега веќе политичката криза влегува во една фаза на разрешница и мислам дека тоа е добар знак дека би можеле наскоро да влеземе во една нова фаза на стабилизација на општеството – изјави академик Владо Камбовски, претседател на Македонската академија на науките и уметностите.
Тој смета дека на општеството му треба квалитативен скок напред и дека сите учесници во разрешницата на кризата се заинтересирани за тоа.
– На нашето општество очигледно му е потребен еден коперникански пресврт, еден квалитативен скок напред. Јас се надевам дека сите фактори кои учествуваат во овие разговори сега имаат таков интерес, имаат таква цел и ќе направат се ние како општество да го направиме таквиот скок- рече Камбовски, кој денеска имаше средба со петтемина новоизбрани дописни членови на Академијата.
Иако не излегла со конкретно решение, Камбовски смета дека Академијата во актуелните случувања инсистирала на разумен и толерантен пристап и дека со тоа влијаела да се создаде клима на толеранција и дијалог.
Во врска со барањата на опозицијата за преодна влада, тој рече таа е дефинирана како организирање на влада. – Јас не знам што се подразбира, веројатно конкретна содржина на тоа ќе дадат самите учесници во тој политички дијалог- одговори претседателот на МАНУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова криза на Балканот: Ерјавец: Хрватската полиција го крши суверенитетот на Словенија
-
Криза во Шпанија: Каталонија ќе оди на референдум
-
За неа нема веќе шеќер во исхраната: Четири замени за чоколадото, гумените бомбони и слатките
-
Ја чувствуваат кризата – градежниците не се охрабруваат да почнат нови инвестиции



