На автопатот „Александар Македонски“ на потегот од Велес до Градско се санирани нерамнините на асфалтот кои претставуваа опасност за безбедноста на возилата. Увид во градежните активности денеска изврши директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Александар Стојанов.
Инвестицијата е вредна 10,3 милиони денари, а за реализација на потфатот беше изработено техничко решение според кое на три локации во двата правци на автопатот се изврши гребење на постојниот асфалт до ниво на тампон.
– Беше извршена замена на тампонот по што следуваше асфалтирање со два слоја на носечки асфалт, завршен слој на асфалт и на крајот се постави хоризонтално обележување – информира Јавното претпријатие за државни патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


