Француската јавност е шокирана од бизарната и od суровата постапка на една мајка.
Како што соопштија медиумите, во неделата во малото француско гратче Амберио-ан-Буге, во фрижидер за длабоко замрзнување во домот на 32-годишна Французинка се пронајдени телата на две новореденчиња.
Телата ги пронашол нејзин пријател кој веднаш повикал полиција.
Според полициските податоци, жената веќе била осудена за убиство на свое новороденче. Таа признала дека бебињата што ги замрзана во есента 2011 и 2012 ги удавила, па нивните тела ги ставила во фрижидерот за замрзнување.
На 28 март 2002 оваа жена тајно се породила и побарал од нејзината мајка да го остави бебето во кеса во една напуштена куќа. Во 2005 година беше осудена на казна затвор, по што беше ослободена во декември 2010 година,а нејзината мајка тогаш беше осудена на 18 месеци затвор.
Но, ова не е прв ваков бизарен настан во Франција, речиси секоја година јавноста е потресена од убистава на новороденчиња на суров начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.