| четврток, 6 декември 2018 |

Измамник ветувал социјални станови и инвалидски пензии

Штипската полиција поднесе кривична пријава против Г.М.(24) од Пробиштип поради постоење на основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „измама“.

-Пријавениот во периодот од август 2014 до февруари годинава со намера за себе да прибави противправна имотна корист довел во заблуда неколку  граѓани од Штип  со лажно прикажување на факти ветувајќи им дека како добар познаник со високи политички и владини функционери ќе им помогне при добивање на социјални станови, возачки дозволи и инвалидски пензии, а за против услуга да му дадат различен паричен износ со што им причинил материјална штета во износ од 3300 евра, информираат од полицијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top