Русија ќе возврати на одлуката на ЕУ да го продолжи рокот на санкциите врз основа на принципот на реципроцитет, изјави пред новинарите Дмитриј Песков, помошник на рускиот претседател, пренсува ТАСС.
– Повеќе пати сме кажале дека во размената на санкции принципот за реципроцитет е основа на нашиот пристап- истакна портпаролот на Кремљ, додавајќи дека Русија не е иницијаторот, но доколку санкциите се продолжуваат ќе дејствува во иста насока.
Русија санкциите ги смета за неосновани и незаконски, тие ги оштетуваат не само интересите на стопанските субјекти од Руската федерција, туку и на самите овие држави, односно на интересите на даночните обврзници на овие европски земји, истакна Песков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.