| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорческа реди успеси и напредува на листата на ВТА

lina gjorceska

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го бележи најдобриот рејтинг во кариерата и се најде на 367. позиција на најновата листа на ВТА објавена денеска.

По одличните настапи на последните ИТФ фјучерси, со 18 нови поени освоени на турнирот во Галац, Романија, Ѓорческа напредуваше за 31. скалило.

Во конкуренција на двојки, македонската тенисерка е на 278. место со вкупно 203 ВТА поени.

Ѓорческа ќе напредува уште повеќе на следната светска ранг-листа по победата на турнирот во Тарсус и новите ВТА поени кои ќе ѝ бидат запишани од следниот понеделник.

На врвот нема промени и Серена Вилијамс е убедливо прворангирана, пред Петра Квитова, Симона Халеп, Марија Шарапова и Каролине Вознијачки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top