| четврток, 6 декември 2018 |

Аукција на акварели на Хитлер

Akvarel-f1Неколку акварели и цртежи создадени од нацистичкиот лидер Адолф Хитлер стари околу 100 години, викендот беа продадени за вкупно 400 илјади евра на аукција во Германија.

Најскапото дело заврши кај кинески купувач кој платил 100 илјади евра, откри аукциската куќа Вајдлер. Тоа е слика во акварел на е дворецот Нојшванштајн во Баварија. Ова градба на кралот Лудвик е позната како логото на филмското студио „Дизни“

hitlerov akvarelПродадените дела на Хитлер се од периодот меѓу 1904 и 1922 година, а завршија кај купувачи од Кина, Бразил, Обединетите Арапски Емирати, Франција и Германија.

Познато е дека Хитлер сакал да студира уметност во Виена но бил одбиен заради „недостаток на талент“, па сликите ги продавал на туристи. Експертите и денеска сметаат дека Хитлер немал талент за сликање. Аукциските куќи пак одбиваат да ги продаваат неговите слики. Во Германија е дозволено да се тргува со нив, само доколку на нив ги нема забранетите нацистички симболи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top