| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот број на списанието „Сум“ посветен на театарот

По повод 27 март – Светскиот ден на театарот – списанието за уметност „Сум“ од Штип објави специјален, тематски број со повеќе драмски текстови од македонски автори.

Во најновиот, седумдесет и втори број, се публикувани се драмски текстови од следниве автори: Венко Андоновски -„Падот на масадата“, Блаже Минески-„Животиштето“, Томислав Османли – „Облачна исповед“, Христо Петрески „Јас-мојата сопруга Деф“ и „За тебе и сенката во очите на трет човек“ и Трајче Кацаров-„Идиотите никога не умираат“.

Овој тематски број на „Сум“ наскоро ќе биде промовиран на Меѓународниот саем на книгата во Скопје, потоа на Фестивалот на монодрамата во Битола, но и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top