| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува променливото и свежо време

Во Македонија утринава е свежо со пониска температура, која се движи од 4°C до 14°C.
Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито и ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните и во источните предели ќе дува доумерен североисточен ветер.
Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Дневната температура, иако ќе бележи благ пораст, сепак, ќе биде пониска од просечните за овој период од годината и ќе се искачи до 18°C, односно до 28°C. УВ-индексот ќе биде со вредност 7.
Во Скопје ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува доумерен северозападен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 11°C, а максималната дневна до 25°C. УВ-индексот ќе биде 7.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top