Најтрофејната фудбалска репрезентација на планетата, Бразил, ја победи Венецуела со 2-1 во последната рунда од фазата по групи на Копа Америка и се пласираше во четвртфиналето, каде ќе игра со Парагвај. Патем „кариоките“ го исфрлија последниот ривал од битката за титулата, а и помогнаа на Колумбија да мине понатаму.
Колумбијците ремизираа со Перу без голови и го чекаа исходот од мечот Бразил – Венецуела и за нивна среќа дочекаа поволен исход и триумф на Бразилците.
Во четвртфиналето покрај дуелот Бразил – Парагвај ќе играат и Перу со Боливија, Аргентина со Колумбија и Чиле со Уругвај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.