| четврток, 6 декември 2018 |

Тест на карактер – според симболот откријте каква личност сте

Науката за симболите тврди дека може многу да се дознае за човекот според симболот кој тој ќе го одбере.

symbolpict

Погледнете ја фотографијата и одберете го симболот кој најмногу ви се допаѓа.

Прочитајте што открива тоа за вас и вашиот карактер.

Жолт круг – вие сте нежни, опуштени, ведри, оптимистични. Одлично се справувате со проблемите. Знаете како да се опуштите и да останете мирни во тешките ситуации. Поради вашата наивна природа луѓето можат и да се обидат да ве искористат, па затоа бидете внимателни. Во себе носите радост и светлина.

Зелено око –  око вие сте сочувствителни, силни, длабоки, склони кон духовни техники и вештини, мистицизам. Уживате во природа, шетање, топол чај и добра книга. Сакате да бидете сами. Избегнувате гужви и големи собири.  Имате добро здравје и моќна интелигенција.

Бела вертикална линија – вие сте мирна, сконцентрирана личност. Знаете што сакате и како да го постигнете тоа на коректен начин. Луѓето ве почитуваат и ценат. Доследни сте и организирани, и луѓето сакаат да работат и да се дружат со вас.

Сина спирала – луѓето ја сакаат вашата спонтаност и дива природа. Незапирливи сте и со авантуристички дух. Го живеете животот со полни гради. Научете како да уживате во самотијата, ќе бидете воодушевени.

Син триаголник –  вие стоите цврсто на земја и сте одличен лидер. Секогаш сте подготвени да дадете жртва за поголемо добро. Вие сте морални и ја сакате вистината. Морате да научите да се опуштите и да водите повеќе сметка за себе.

Црн триаголник – ова значи дека имате истакнати чувства и мислења за се. Остроумни сте и елоквентни. Мразите површност и тривијалност. Посветени сте силни и упорни. Во себе носите моќ и силна интуиција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top