| четврток, 6 декември 2018 |

На Сепи му се погоди турнирот во Хале

sepi

Италијанскиот тенисер Андреас Сепи е изненадувањето на турнирот на трева што се игра во Хале и тој ќе му се спротивстави на Роџер Федерер во финалето во меч за титулата.

За Сепи ова ќе биде можност да ја освои втората круна на турнирите на трева, а патот до финалето му се погоди по повредите на ривалите.

Денеска во полуфиналето поради здравствени проблеми мечот му го предаде Кеи Нишикори при резултат 4-1 за Италијанецот, а во претходниот дуел и Гаел Монфис се повреди и предвреме му честиташе на Сепи.

Федерер имаше потежок пат и денеска мораше да се справи со опасниот сервер Иво Карловиќ. Хрватот испорача точно 20 аса од сервис, но Федерер беше подготвен и славеше во два тај-брејка со 7-6, 7-6.

Швајцарецот е апсолутен рекордер според бројот на титулите во Хале и има 7 пехари. Тој ја брани и титулата од лани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top