| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте на децата: се појави нова дрога јагода мет со најстрашни ефекти досега

По социјалните мрежи последните денови  постојано е присутно предупредување за новиот наркотик, кој е многу популарен во Европа и кој брзо може да дојде и кај нас, а дејството на овој најнов вид наркотик е најкатасрофален до сега за корисниците. Оваа дрога е подвид на метамфетамин, кој години наназад се користи на Запад.

Иако оваа дрога ја има многу малку на нашите простори, предупредувањето треба да прифати сериозно, затоа што во пракса се покажало дека е потребно многу малки време од ЕУ, ,,популарноста“ да премине и кај нас.

– Драги родители, Ве молам поделете го статусот! Се појави нова дрога која дилерите ја делат по училиштата, најмногу во Германија, но мислам дека многу брзо ќе дојде и кај нас. Се вика јагода квик или јагода мет. Мириса на јагода, а изгледа како гумени желе бомбони. Достапна е и со други вкусови, како чоколадо. Предупредете ги Вашите деца да не земаат никогаш и од никој. Таа дрога е кристал мет со вкус на јагода и може да ги убие. Тоа е дефинитивно еден од најгрозните и најкратките патишта до смртта. Ве молам ширете ја оваа вест, со што сите родители и деца да ги предупредиме на време. Ви благодарам! -гласи пораката што се прошири на социјалните мрежи.

Кристал мет  (Crystal Meth) спаѓа во синтетичките дроги. Бројот на корисници на оваа дрога во ЕУ и САД се зголемува секоја година.Надлежните органи во овие земји се покажале  неуспешни сериозно да се справат со проблемот и да го спречат ширењето.

Во земјите каде е распространет кристал важи за ,,кокаин за сиромашни“. Кога се зема долго време доаѓа до големи органски пореметувања. Овој прав, налик на ситни кристали се зема орално, преку пушење па и интервенозно- со шприц. Процесот на производство е едноставен, а кога се зема, силно активира одредени мозочни ќелии. Кај корисниците се развива силна физичка и психичка зависност.

Според информацијата овој вид ,,најнова дрога,, е поопасна многу пати и од кокаинот и од хероинот, бидејќи дејствува погубно  на мозокот и централниот нервен систем. Корисникот почнува физички да пропаѓа, добива страшни егземи и пликови по целото тело, а голем број од нив на крајот се заболуваат со ХИВ. .

Веднаш по прекинувањето на земање на дрогата кај корисниците се  појавува чувство на исцрпеност,депресија, раздразливост  и параноја. Во долгорочните последици се наведуваат екстремна анорексија  оштетување на крвните садови на мозокот, респираторни проблеми и неправилно чукање на срцето кое може да резултира со смрт. Некои од симптомите по кои можете да ги препознаете оние кои земаат ваков вид дрога се : раздразливост, постојано зборување, лоша координација на движењата, потреба за течности, зголемена будност, губење на апетитот, потреба за постојана несекојдневна активност…

Најлошото ако може така да се каже, е што по многу кратко време корисниците почнуваат да го менуваат својот изглед, почнуваат да му паѓаат забите, промената на физичкиот изглед е до степен на непрепознатливост, и за многу кратко време може да дојде до смрт. Затоа уште е позната и како ,,зомби дрога““.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top