МВР утринава започна голема акција во Куманово за откривање на луѓе кои се вклучени во криумчарење и транспорт на мигранти од Северна Африка и Блискиот исток.
Според портпаролот на МВР Иво Котевски, досега се приведени повеќе лица, акцијата сеуште трае.
МВР подолго време работеше на откривање на групата и утринава започна со акцијата во која се претресени десетина објекти во сопственост на осомничените и приведени се повеќе лица. Истовремено е пресечен и еден транспорт на мигранти, – изјави Котевски за Кумановоњус.
Во акцијата нема повредени. Повеќе детали за акцијата МВР најави по нејзиното завршување, за попладне или во текот на утрешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?