| четврток, 6 декември 2018 |

Паднал од авион на покрив на зграда

авионБританската полиција почна истрага по пишувањето на медиумите дека на покрив на зграда во Лондон било најдено тело на човек кој паднал од долниот дел на авион кој летал од Јужноафричката Република. Момчето старо 24 години од покривот на деловната зграда во Ричмонд било пренесено во болница. Малку пред тој случај, друго машко лице било најдено без свест во долниот дел на авион на компанијата „Бритиш Ервејс“, кој во Лондон долетал од Јоханесбург. Возрасен колку и момчето кое паднало на покривот, и овој 24 годишник е однесен во болница во критична состојба.

Според полицијата нема докази за поврзаност на двата случаи, но тоа е една линија на истрагата. Авиокомпанијата соопшти дека соработува со полицијата, но и со властите во Јоханесбург, за да се утврдат сите факти со оваа ситуација.

Во минатото на улиците во Ричмонд и Кју, кои се во близина на аеродромот Хитроу, често биле пронаоѓани тела. Се претпоставува дека веројатно над нив авионите ги отвораат вратите за тркалата при подготовките за слетување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top