| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциск не сака да живее во папската палата

Папата Франциск одби да се пресели во папската палата и одлучи и натаму да живее во Домот на Света Марта во Ватикан, каде што бил сместен со другите кардинали за време на конклавата.

Во склад со начелата на језуитите, редот на кој припаѓа, папата рекол дека не го интересира раскошот на палатата и дека таму не сака да живее. Франциск признал дека поудобно му било во друштво отколку сам во огромна зграда.

Одлуката ја соопштил на вчерашната миса во капелата на домот „Света Марта“, на која присуствувале, покрај другите гости, и чистачи на улици, персонал од домот и новинари од ватиканскиот весник „Осерваторе Романо“.

Портпаролот на Ватикан не знаел да одговори до кога ќе трае овој „експеримент“ со живеењето на папата во домот „Света Марта“. Официјалните лица едвај го убедиле да се премести од собичката во која престојувал кога пристигнал во апартман за да може да прима гости.

 

Домот бил изграден за во него да престојуваат кардинали кога се избира нов папа. Во него има 120 соби и неколку многу скромни апартмани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top