| четврток, 6 декември 2018 |

Заев не размислува за фотелјата на Црвенковски

Потпретседателот на партијата Зоран Заев не размислува за претседателската фотелја во СДСМ. Тој за „Дневник“ изјавува дека лидерската позиција засега не е на неговиот дневен ред затоа што е фокусиран на градоначалничкото место и исполнување на ветувањата што им ги дал на струмичани.

– Не би коментирал затоа што сè уште сме во изборен процес, но не сум размислувал за тоа – вели Заев за „Дневник“.

Потпретседателот, кој своевремено ја извршуваше функцијата в.д. претседател во СДСМ, додал дека партискиот конгрес е изборен и сите настани изминатите години ќе бидат преиспитувани во мај.

– Ако по изборите СДСМ почувствува одговорност за резултатите, одлуките ќе бидат донесени во мај – нагласи Заев.

На 24 мај истекува мандатот на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, кога на конгрес ќе се избира нов лидер. Не е исклучена веројатноста Црвенковски да остане на чело на партијата и покрај големиот пораз на изборите кои се одржаа оваа недела.

„Република“ пред изборите направи анализа кој може да биде следен лидер на СДСМ:

Бран­ко Цр­вен­ков­ски

И по­крај си­те сла­бо­сти и ни­зок реј­тинг во од­нос на нај­го­ле­ми­от про­тив­ник Гру­ев­ски, Цр­вен­ков­ски оста­ну­ва гла­вен кан­ди­дат за ли­дер на опо­зи­ци­ја­та во на­ред­ни­ве го­ди­ни. Не­го­ва­та из­ја­ва де­ка не си оди од пар­ти­ја­та сѐ до­де­ка не го по­ра­зи Гру­ев­ски е по­ра­ка до си­те дру­ги гру­пи пре­тен­ден­ти де­ка тре­ба да вни­ма­ва­ат со истак­ну­ва­ње на сво­и­те кан­ди­да­ту­ри и во исто вре­ме нај­до­бри­от по­ка­за­тел де­ка  за не­го кон­гре­сот во мај ќе би­де „да се би­де или не“.

Игор Ива­нов­ски-Ше­ма

За не­го во кам­па­ња­та за пре­тсе­да­тел на пар­ти­ја­та, до­кол­ку Цр­вен­ков­ски се ре­ши да се пов­ле­че, фор­мал­но ќе би­дат тие што ќе са­ка­ат кон­ти­ну­и­тет на вла­де­е­ње­то од пос­лед­ни­ве не­кол­ку го­ди­ни. Нас­про­ти пред­но­ста што ќе му ја на­пра­ват чле­но­ви­те на ка­би­не­тот на ли­де­рот Ива­нов­ски, на те­рен ќе се со­о­чи со от­пор кај тие што не го са­ка­ат за­тоа што не го до­жи­ву­ва­ат ка­ко ли­дер ту­ку ка­ко глас­ник на Цр­вен­ков­ски и ка­ко чо­век што не­ма свој став ту­ку се­ко­гаш ги спро­ве­ду­ва од­лу­ки­те на ше­фот.

 Зо­ран Јо­ва­нов­ски

Кре­а­то­рот на еко­ном­ска­та по­ли­ти­ка на СДСМ, Зо­ран Јо­ва­нов­ски, по­ра­ди сво­ја­та јав­на бли­скост до Цр­вен­ков­ски до­а­ѓа вед­наш по Ива­нов­ски на ли­ста­та на мож­ни ли­де­ри на опо­зи­ци­ја­та. Иа­ко не мо­же да се по­фа­ли ни­ту со убед­лив ја­вен на­стап ни­ту со го­ле­мо вли­ја­ние во пар­ти­ја­та, Јо­ва­нов­ски е еден од ре­тки­те што има­ат до­бар од­нос кон си­те фрак­ции.

Рад­ми­ла Ше­ќе­рин­ска

До­кол­ку во мај СДСМ ги на­пу­шти за­тку­лис­ни­те игри и де­ле­га­ти­те одат на гла­са­ње во сог­лас­ност со сво­јот став, екс­ли­дер­ка­та и кан­ди­да­тка за пре­ми­ер во 2008 го­ди­на, Рад­ми­ла Ше­ќе­рин­ска,  е нај­го­ле­ма­та фа­во­ри­тка.

 Зоран Заев

За гра­до­на­чал­ни­кот на Стру­ми­ца, и по­крај тоа што бе­ше або­ли­ран од то­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел Цр­вен­ков­ски, а на два­па­ти има­ше те­шки га­фо­ви во кои нај­а­ви де­ка „ќе ја­де жи­ви лу­ѓе“  и „ ќе пу­ка“,  мал­ку­ми­на би рек­ле де­ка е кон­тро­верз­на лич­ност. Дел од чле­но­ви­те се си­гур­ни де­ка за кон­гре­сот во мај тој ве­ќе имал обез­бе­де­но под­др­шка од ед­на пет­ти­на од стру­кту­ри­те на СДСМ над­вор од глав­ни­от град.

Владо Бучковски

Единс­тве­ни­от ма­ке­дон­ски пре­ми­ер што во овал­на­та со­ба во Бе­ла­та ку­ќа раз­го­ва­рал со еден аме­ри­кан­ски пре­тсе­да­тел, иа­ко ве­ќе фор­мал­но не е член на СДСМ, сѐ уште се сме­та за мо­жен нас­лед­ник на Цр­вен­ков­ски. Не­гов хен­ди­кеп е што нај­го­лем дел од пар­ти­ска­та ба­за, ко­ја бе­ше на зна­чај­ни по­зи­ции ко­га тој бе­ше пре­ми­ер, се­га не е во вр­вот на пар­ти­ја­та.

 Кире Наумов

Ки­ре На­у­мов не­ма да че­ка до мај. Тој сво­ја­та пла­тфор­ма ќе ја об­ја­ви по за­вр­шу­ва­ње­то на из­бо­ри­те. За мно­гу­ми­на Ки­ре На­у­мов е нај­со­од­вет­на лич­ност и тран­зи­ци­ски ли­дер што би ја во­дел пар­ти­ја­та до­де­ка ра­бо­ти­те не слег­нат це­лос­но, но и ре­ше­ние што мо­же дол­го­роч­но да ја вра­ти ста­бил­но­ста на опо­зи­ци­ја­та.

Але­ксан­дар Ма­тов­ски

Не­го во ку­ло­а­ри­те го про­те­жи­ра дел од „ме­ди­ум­ско­то кри­ло“ на пар­ти­ја­та. Але­ксан­дар Ма­тов­ски бе­ше со­вет­ник за над­во­реш­на по­ли­ти­ка на Буч­ков­ски, а ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни е во Аме­ри­ка. Тој е нај­по­са­ку­ван за иден ли­дер на СДСМ најм­но­гу по­ра­ди сво­и­те лич­ни ква­ли­те­ти, но, пред сѐ за­тоа што тој е, мо­же­би, единс­тве­ни­от што не­ма ни­ка­кви хи­по­те­ки во сво­ја­та ка­ри­е­ра.

Изборниот конгрес на Социјалдемократскиот сојуз се очекува да донесе промени од сите аспекти во партијата, но не и смена на лидерот Црвенковски. Таа опција не се исклучува, но и не се смета за многу извесна. Иако СДСМ на овие локални избори повторно беше поразен од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, шефот на Изборниот штаб Игор Ивановски вчера рече дека пред мај и следниве две недели, додека трае изборниот процес за вториот круг, на „Бихаќска“ не се размислува за нов претседател.

– На редовниот конгрес ќе ги разгледаме резултатите од локалните избори, но и работењето на раководството во овие четири години – рече Ивановски.

Од организациски, технички, логистички и кадровски аспект, партијата на Црвенковски засега не размислува за промени. За с` што треба да следува по тие прашања, СДСМ ќе дебатира и одлучува во мај, а не претходно.

Потпретседателот на партијата Зоран Заев, за кого с` погласно се зборуваше дека има тенденција да го замени Црвенковски, вчера ни изјави дека не размислува за претседателската фотелја во СДСМ. Пред неколку месеци преку анкети политичкиот пулс на граѓаните покажа дека токму Заев има поголема поддршка од сегашниот претседател на опоцизискиот СДСМ. Но, како што рече Заев, лидерската позиција засега не е на неговиот дневен ред, затоа што е фокусиран на градоначалничкото место и исполнување на ветувањата што им ги дал на струмичани.

– Не би коментирал затоа што с` уште сме во изборен процес, но не сум размислувал за тоа – истакна Заев.

Потпретседателот, кој своевремено ја извршуваше функцијата в.д. претседател во СДСМ, додаде дека партискиот конгрес е изборен и сите настани изминатите години ќе бидат преиспитувани во мај.

– Ако по изборите СДСМ почувствува одговорност за резултатите, одлуките ќе бидат донесени во мај – нагласи Заев.

Некогашниот претседател на партијата Радмила Шекеринска е воздржана во однос на тоа дали повторно би ја презела партијата, кусо велејќи ни дека е зафатена и дека нема да коментира ништо во врска со тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top