| четврток, 6 декември 2018 |

Немавме среќа во Краков, Франција, Полска и Србија противници на Македонија на ЕП 2016

makedonija-ceska-7

Среќата не беше на страната на македонската ракометна репрезентација во Краков и за противници на Европското првенство во Полска следната година ни ги додели домаќинот, потоа селекцијата на актуелниот светски, олимписки и европски првак Франција и соседот Србија.

Ќе ја играме првата фаза по групи токму во Краков, град што си го одбраа Полјаците како домаќини. Шампионатот ќе се игра во јануари 2016 година, и тоа од 15 до 31 јануари.

Македонија ќе биде во групата А, а натаму ждрепката го донесе следниот распоред во првата фаза:

Група Б (Катовице): Хрватска, Исланд, Белорусија, Норвешка

Група Ц (Вроцлав): Шпанија, Шведска, Германија, Словенија

Група Д (Гдањск): Данска, Унгарија, Русија, Црна Гора

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top