| четврток, 6 декември 2018 |

Како медиумите на Островот ја гледаат блиската иднина на Мурињо?

00579620

Осмата загуба на Челзи од почетокот на сезоната во Премиер лигата, повторно ја покрена темата за иднината на Жозе Мурињо. Шампионите во моментов се на два бода од зоната за испаѓање и веќе се борат за место во првата шестка, а не во топ 4. Речиси во сите денешни изданија на Островот има различни претпоставки за блиската иднина на Португалецот.

Според „Тајмс“ и „Гардијан“ дуелот со Порто во среда е пресуден за судбината на Мурињо. Ако Челзи загуби на „Стемфорд Бриџ“ и не се квалификува за следната фаза на Лигата на шампионите, тогаш Жозе сигурно ќе биде отпуштен.

„Сан“  исто така смета дека претстојната недела ќе биде одлучувачка за иднината на Мурињо, но изданието додава дека исходот од дуелот со лидерот Лестер следниот понеделник исто така е одлучувачки за тоа дали Португалецот ќе ја задржи својата работа.

„Мирор“ со уште по црни прогнози, според дневниот весник има голема веројатност Мурињо да биде отпуштен, дури и ако Челзи го победи Порто во среда.

Во одборот на директори постои мислење дека тимот не успева дури ни да се доближи до потенцијалот со кој располага, а спасувањето на клубот веќе е приоритет №1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top