| четврток, 6 декември 2018 |

Нема кожни и инфективни заболувања кај емигрантите во Прифатниот центар во Гази Баба

гази

По извршената посета на Прифатниот центар за емигранти во Гази Баба, од страна на тимот доктори-специјалисти по инфектологија и дерматовенерологија, констатирано е дека кај мигрантите во Центарот нема појава на кожни или инфективни заболувања, соопшти Министерството за здравство.

Лицата кај кои во изминатиот период имало појава на шуга или вошливост, стои во соопштението, се соодветно третирани со потребната медицинска терапија (медицински препарати, креми, шампони), и на тој начин е спречено ширење на овие заболувања во епидемиски размери.

Во Прифатниот центар е постојано присутна екипа од доктор и медицинска сестра ангажирани од Црвениот крст, кои се снабдени со потребната медицинска терапија и лекови и континуирано ја следат здравствената состојба на лицата во центарот. Доколку има потреба од медицинска интервенција на повисоко ниво, тие се транспортираат до соодветната здравствена установа.

Превентивно, денеска во Прифатниот центар се врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација од страна на екипа на Центарот за јавно здравје – Скопје, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top