Сите автомобили постари од 15 години ќе мораат два пати во текот на годината на детален технички преглед. Ова се новини на правилникот усвоен на 5 мај во Србија, кои стапуваат на сила на 5 јули. Статистиката покажува дека во Србија околу 30 отсто од автомобилите се постари од 15 години. На технички преглед ќе мора да се дојде со чист автомобил, прегледот ќе трае 35 минути и се ќе се снима со фото апарат.
-Одредбите од законот кои се однесуваат на вршење шестмесечен технички преглед на возилата, како што се оние постари од 15 години, ќе се применува за возила на кои после 5 јули 2018 година ќе им биде издадена регистарциона налепница, така што првиот шестмесечен преглед на возилата, во склад со новите прописи, ќе почне да се врши по 5 јануари 2019 година- информираат од МУП на Србија.
Постојат најави дека прегледот ќе биде околу 30 евра плус трошоците. Ќе мора да се платат и двата прегледа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.