Силниот снег и мразот кои ја зафатија Австрија вчера предизвикаа верижен судар на автопатот западно од Виена. Во судирот учествувале возила, а според првичните информации едно лице го загубило животот.
Официјални лица од службите за спасување соопштија дека несреќата се случила во близина на местото Санкт Полтен на околу 60 километри од Виена. Според Би би си вклучени 40 камиони и 60 автомобили, а колоната на запрени возила е подолга од два километри.
На местото на судирот дошла помош од шест регионални противпожарни служби, со возила на итната помош и хеликоптер за итни случаи.
Според ОРФ пак, во Јужна Австрија, најмалку 29 лица се повредени, шест од нив сериозно во две сообраќајни несреќи во тунелите на патот во Штаерска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.