По 57 години забрана Јапонците ќе може јавно да танцуваат и по полноќ, бидејќи Парламентот во Токио измени закон, донесен во 1948 година за време на американската окупација по Втората светска војна.
Со тој закон во клубовите во Јапонија луѓето не смееа да танцуваат по полноќ, бидејќи се сметало дека американските либерални ставови штетно влијаеле врз јапонската младина.
Новите измени во Законот кој ќе стапат во сила од јуни следната година ќе се дозволи танцување по полноќ во клубови во кои осветлувањето нема да биде пресилно. Полицијата ќе добие посебни апарати за мерење и може да презема акции во случај моќноста на светлото да биде на десет лукса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.