| четврток, 6 декември 2018 |

Дали ИСИС победува?!

Ако ИСИС по­бе­ду­ва, тоа е по­ра­ди се­ри­ја гре­шки на­пра­ве­ни од неј­зи­ни­те про­тив­ни­ци. Ја опи­шу­вам ИСИС ка­ко во­да ко­ја нав­ле­гу­ва во пук­на­ти­ни­те на по­ли­ти­ка­та и во стра­те­ги­ја­та на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, ве­ли Ли­на Ка­тиб, ди­ре­ктор­ка на Кар­не­ги цен­та­рот за Бли­ски­от Исток

По­ми­наа де­вет ме­се­ци отка­ко аме­ри­кан­ски­от пре­тсе­да­тел Ба­рак Оба­ма поч­на со по­ли­ти­ка­та за спра­ву­ва­ње со Ис­лам­ска­та др­жа­ва (ИСИС), ра­ди­кал­на­та гру­па што се по­ја­ви ка­ко нас­лед­ник на Ал Ка­е­да во Ирак. Во тоа вре­ме, и по­крај днев­ни­те воз­душ­ни на­па­ди, зго­ле­ме­но­то тем­по на обу­ка на ирач­ки­те вој­ни­ци и не­си­гур­на­та ко­а­ли­ци­ја од 60 зем­ји што се оби­ду­ва­ат да се бо­рат про­тив ИСИС, гру­па­та има по­стиг­на­то ста­бил­ни при­до­би­вки и во Ирак и во Си­ри­ја – не са­мо што сѐ уште го кон­тро­ли­ра гра­дот Мо­сул ту­ку и на 17 мај го освои гра­дот Ра­ма­ди, око­лу 70 мил­ји од Баг­дад. Во Си­ри­ја гру­па­та го за­зе­де стра­те­ги­ски­от град Пал­ми­ра, го про­ши­ри сво­јот до­фат во Ли­би­ја, го спро­ве­де пр­ви­от те­ро­ри­стич­ки на­пад во Са­у­ди­ска Ара­би­ја, ја кре­на во воз­дух ши­ит­ска­та џа­ми­ја во источ­ни­от град Ка­тиф. Се чи­ни де­ка гру­па­та што Оба­ма ед­наш ја ис­ме­ва­ше е во по­дем. Ако се по­ста­ви пра­ша­ње­то да­ли ИСИС по­бе­ду­ва, од­го­во­рот на пра­ша­ње­то, ба­рем за­се­га, би бил: да.

Ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Оба­ма и Пен­та­гон со­ве­ту­ваа тр­пе­ние. Гу­бе­ње­то на Ра­ма­ди бе­ше „не­ус­пех“, со­оп­шти Бе­ла­та ку­ќа, но спо­ред порт­па­ро­лот Џош Ер­нест тоа не тре­ба прем­но­гу да нѐ воз­не­ми­ру­ва. Ва­шин­гтон ве­ли де­ка ќе го зго­ле­ми тем­по­то на обу­ка на ирач­ки­те вој­ни­ци, а кри­ти­ча­ри­те за­бе­ле­жу­ва­ат де­ка тоа се слу­чу­ва со го­ди­ни, ка­ко пос­ле­ди­ца на аме­ри­кан­ска­та ин­ва­зи­ја во 2003 го­ди­на.

Ме­ѓу­тоа, раз­го­во­ри­те со во­е­ни и со по­ли­тич­ки прет­став­ни­ци и ана­ли­ти­ча­ри во Ирак, и ирач­ки и стран­ски, при­ка­жу­ва­ат по­мрач­на сли­ка. Ужас­ни­от факт со кој се со­о­чу­ва­ат ад­ми­ни­стра­ци­ја­та и неј­зи­ни­те ме­ѓу­на­род­ни парт­не­ри е де­ка нив­на­та по­ли­ти­ка про­тив гру­па­та е не­ус­пеш­на.

– Тие на­ви­сти­на не­ма­ат до­бри оп­ции за тоа ка­ко да се спра­ват со ИСИС – ве­ли Са­џад Џи­јад, ирач­ки ана­ли­ти­чар и ви­сок истра­жу­вач во Цен­та­рот за сту­дии и пла­ни­ра­ње „Ал Ба­јан“ во Баг­дад.

Кол­ку ста­ну­ва очај­на ре­ал­но­ста на те­рен во Ирак ста­на јас­но на 18 мај, еден ден по па­дот на Ра­ма­ди. Гра­дот Ра­ма­ди, кој се на­о­ѓа во про­вин­ци­ја­та Ан­бар, е ср­це­то на су­нит­ски­от ис­лам во Ирак. Тоа бе­ше ме­сто­то ка­де што пле­мен­ски ли­де­ри ефе­ктив­но ра­бо­теа со аме­ри­кан­ски­те си­ли во 2007 и во 2008 го­ди­на, за вре­ме на т.н. бу­де­ње на Ан­бар, за раз­би­ва­ње на прет­ход­ни­кот на ИСИС, Ал Ка­е­да. Мно­гу од лу­ѓе­то што се бо­ре­ле то­гаш се­га се чув­ству­ва­ат по­ли­тич­ки обес­пра­ве­ни под се­кта­шко­то ра­ко­водс­тво на по­ра­неш­ни­от пре­ми­ер Ну­ри ал Ма­ли­ки, ши­ит­ски ли­дер. Не­кои од су­нит­ски­те пле­ми­ња во Ан­бар се­га ја под­др­жу­ва­ат ИСИС, а дру­ги­те се дла­бо­ко по­де­ле­ни за тоа да­ли да ја под­др­жу­ва­ат акту­ел­на­та власт во Баг­дад, пред­во­де­на од Хај­дер ал Аба­ди, кој исто та­ка е ши­ит и кој не се сме­та за не­при­ја­тел на су­ни­ти­те во зем­ја­та ка­ко што бе­ше не­го­ви­от прет­ход­ник. На 18 мај про­вин­ци­ски­от со­вет на Ан­бар гла­са­ше да се при­фа­ти по­мош од ши­ит­ска­та вој­ска во­о­ру­же­на и во­де­на од стра­на на Те­хе­ран. На кра­јот на мај, вој­ска­та и вла­ди­ни­те си­ли поч­наа со опе­ра­ции за вра­ќа­ње на Ра­ма­ди.

– Во оваа фа­за ние ја поз­дра­ву­ва­ме се­ко­ја си­ла што ќе дој­де и ќе нѐ ос­ло­бо­ди од кан­џи­те на Ис­лам­ска­та др­жа­ва – ве­ли ше­и­кот Абу ал Ма­џид Зо­јан, пле­мен­ски ли­дер.

 

svet145-isis-2

 

Ка­ко стиг­нав­ме до ту­ка?

Ако ИСИС по­бе­ду­ва, тоа е по­ра­ди се­ри­ја гре­шки на­пра­ве­ни од стра­на на неј­зи­ни­те про­тив­ни­ци.

– Ја опи­шу­вам ИСИС ка­ко во­да ко­ја нав­ле­гу­ва во пук­на­ти­ни­те на по­ли­ти­ка­та и во стра­те­ги­ја­та на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца – ве­ли Ли­на Ка­тиб, ди­ре­ктор­ка на Кар­не­ги цен­та­рот за Бли­ски­от Исток.

– Еден од пот­це­не­ти­те ас­пе­кти на прив­леч­но­ста на ИСИС е неј­зи­но­то бо­гат­ство. Без раз­ли­ка да­ли пре­ку про­даж­ба на на­фта или из­ну­ду­ва­ње, ИСИС не са­мо што е во мож­ност да им пла­ти по­ве­ќе на бор­ци­те од ед­на уме­ре­на опо­зи­ци­ска гру­па ка­ко Сло­бод­на­та си­ри­ска ар­ми­ја, ту­ку и им да­ва со­ци­јал­на по­мош, ка­ко што на­пра­ви Ха­мас одам­на обез­бе­ду­вај­ќи го на­се­ле­ни­е­то из­мо­ре­но од вој­на со па­рич­ни до­би­вки и со­ци­јал­ни ус­лу­ги – ве­ли Ка­тиб.

На при­мер, во Ра­ка, т.н. гла­вен град на Ис­лам­ска­та др­жа­ва, ИСИС обез­бе­ду­ва ме­ди­цин­ски ус­лу­ги. Од­го­во­рот на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца е не­со­од­ве­тен. Се фо­ку­си­ра на за­доц­не­та обу­ка и во­о­ру­жу­ва­ње на уме­ре­на­та опо­зи­ци­ја, што мно­гу мал­ку вли­ја­е­ше врз ос­ла­бу­ва­ње­то на еко­ном­ска­та си­ла на ИСИС, до­да­ва таа.

САД ка­ко да не пре­зе­ма­ат ни­што, ду­ри и гру­пи­те на кои се оби­ду­ва­ат да им по­мог­нат го мис­лат тоа. Ка­тиб ве­ли де­ка служ­бе­ни­ци­те на Сло­бод­на­та си­ри­ска ар­ми­ја со кои не­о­дам­на се срет­на­ла по­ба­ра­ле по­мош од Стејт де­парт­мен­тот на САД во вр­ска со пре­су­ди­те на су­до­ви­те во об­ла­сти­те што се под нив­на кон­тро­ла во јуж­ни­от дел на зем­ја­та.

– Тие ни­ко­гаш не до­би­ја од­го­вор – ве­ли таа.

Сло­бод­на­та си­ри­ска ар­ми­ја во јуж­ни­от дел има по­тен­ци­јал да се транс­фор­ми­ра во управ­но те­ло. Го има кре­ди­би­ли­те­тот на те­рен. Се­ка­ко, по­треб­на е по­го­ле­ма по­мош од опре­му­ва­ње и обу­ка.

По­крај тоа, во­е­ни­те ана­ли­ти­ча­ри сме­та­ат де­ка огра­ни­че­на­та кам­па­ња на воз­душ­ни на­па­ди про­тив по­зи­ци­и­те на ИСИС во Си­ри­ја е „не­ос­мис­ле­на“, ка­ко што ја на­ре­че еден по­ра­не­шен раз­уз­на­вач во ре­ги­о­нот.

– Се­ко­гаш ко­га се уби­ва­ат ци­ви­ли, сле­ду­ва про­па­ган­да­та на ИСИС де­ка тоа е кр­сто­нос­на вој­на про­тив мус­ли­ман­ски­те зем­ји, а со тоа се зго­ле­му­ва нив­на­та по­пу­лар­ност. Те­ков­на­та кам­па­ња е прем­но­гу огра­ни­че­на за да има го­ле­мо вли­ја­ние. Ед­но­став­но не да­ва ре­зул­та­ти – ве­ли по­ра­неш­ни­от раз­уз­на­вач.

Не да­ва ре­зул­та­ти ни во Ирак, ве­лат ана­ли­ти­ча­ри­те. Аба­ди мо­же да би­де по­мал­ку се­кта­шки на­стро­ен од Ма­ли­ки, но не­до­сти­гот од до­вер­ба ме­ѓу су­ни­ти­те во Ан­бар и во Баг­дад е го­лем.

– Тоа е огром­на за­да­ча за Аба­ди да го по­пра­ви тоа, и тоа ќе трае дол­го вре­ме – ве­ли Ка­тиб.

Од­лу­ка­та за ис­пра­ќа­ње на ши­ит­ска­та вој­ска да се бо­ри во Ан­бар, исто та­ка, бе­ше пре­сврт­ни­ца и оста­ва дам­ка на стра­те­ги­ја­та на САД во зем­ја­та.

Спо­ред Џи­јад, ирач­ки ана­ли­ти­чар, САД има­ле до­го­вор со Аба­ди де­ка ќе се по­гри­жат за Ан­бар и за не­кое вре­ме го сми­ри­ле ре­ги­о­нот. САД ја ба­ра­ле таа спо­год­ба би­деј­ќи не са­ка­ле пре­ми­е­рот да мо­ра да се пот­пи­ра на ши­ит­ска­та вој­ска, ко­ја има вр­ски со Иран, да се бо­ри про­тив ИСИС во пре­теж­но су­нит­ски ре­ги­он.

Ва­шин­гтон не го са­ка тоа по­ра­ди две очиг­лед­ни при­чи­ни. Пр­во, се­кта­шки­те тен­зии се до­вол­но го­ле­ми во зем­ја­та, па вмет­ну­ва­ње­то на вој­ска­та го зго­ле­му­ва ри­зи­кот од ин­тен­зи­ви­ра­ње на се­кта­шка­та гра­ѓан­ска вој­на. Вто­ро, Ва­шин­гтон са­ка­ше да го по­бие ши­ро­ко­рас­про­стра­не­то­то ве­ру­ва­ње во ре­ги­о­нот ме­ѓу тра­ди­ци­о­нал­ни­те су­нит­ско-арап­ски со­јуз­ни­ци – Јор­дан, Са­у­ди­ска Ара­би­ја и дру­ги др­жа­ви – де­ка во из­вр­шу­ва­ње на нук­ле­ар­ни­от до­го­вор со Те­хе­ран, Ва­шин­гтон ефи­кас­но ги фр­лил сво­и­те при­ја­те­ли на­стра­на. Зна­чи, нај­ве­ро­јат­но, САД двој­но ќе ги зго­ле­мат сво­и­те на­по­ри да се тре­ни­ра­ат ирач­ки­те вој­ни­ци во Ан­бар и да ја на­пад­нат ИСИС со воз­душ­ни на­па­ди.

Тој план се­га е во за­ро­диш.

– Па­дот на Ра­ма­ди е ка­та­стро­фа. САД не ус­пе­а­ја да ја по­го­дат ИСИС со воз­душ­ни­те на­па­ди. Аме­ри­кан­ска­та ин­вол­ви­ра­ност бе­ше сла­ба – ве­ли Џи­јад.

 

Из­вор: „Њус вик“
Пре­вод: Ана Цве­та­но­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top